ВИДЕО: За два дена во Црна Гора избувнале 56 пожари

Од:

За два дена во Црна Гора избувнале 56 пожари во централниот и крајбрежниот дел на земјата, објави Министерството за внатрешни работи во Подгорица.

Во моментов, според црногорското МВР, активни се четири пожари од кои едниот е во близина на Подгорица.

Управата за вонредни состојби на Министерството повторно ги повика граѓаните да се воздржат од палење оган на отворен простор и на тој начин да го намалат ризикот од пожар.

Министерството за внатрешни работи забележува дека, иако метеоролошката состојба во наредните денови ќе биде поповолна, опасноста од пожари не е помината.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски