Во Крагуевац денеска почна изборното собрание на Српската напредна странка, а на седницата присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ ги поздрави членовите на СНС и граѓаните кои се собраа да го поздрават. Тој најави дека нема да ја напушти партијата додека е жив.
Како што најави Вучиќ по седницата на Претседателството на СНС на 16 мај, на Собранието на СНС, околу 4.000 делегати ќе изберат ново раководство и ќе донесат одлука за влез на партијата во ново пошироко движење – Народно движење за државата.
Тој на средбата „Србија на надежта“ што се одржа вчера во Белград, рече дека се повлекува од функцијата претседател на СНС и дека од Видовден ќе се формира Движење за народот и државата.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го предложи Милош Вучевиќ да биде нов претседател на таа партија.
Милош Вучевиќ, актуелен министер за одбрана, е роден 1974 година во Нови Сад, тој е српски адвокат и политичар, беше и градоначалник на Нови Сад.
Во моментов е вицепремиер на Владата на Србија и министер за одбрана.