ВИДЕО: Вучиќ најави влада пред трети ноември

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес конференција најави формирање на влада пред трети ноември.

Тој денешната прес конференција ја најави вчера на Инстаграм, кога објави фотографија како јаде лубеница и разгледува некакви документи.

„Необично место за анализа на резултатите и подготовка на плановите и програмите кои утре ќе ги претставиме. Се разбира, со добра сремска“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој денеска ги презентираше и плановите и програмите за понатамошен развој и иднината на Србија.

На прес конференцијата учествуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ и министерот за здравје Златибор Лончар.

На прашањето, зошто со него се Недимовиќ и Лончар, и дали „десно од него е новиот премиер“, Вучиќ одговори дека тие се тука за да му помогнат бидејќи тој не може се да сфати.

„Тука се за да ми помогнат да одговорам на прашањата“, додаде Вучиќ.

Следните недели се продолжуваат консултациите, ќе има и други разговори и тогаш јавноста ќе биде известена за се.

„Ми треба време, но секако тоа ќе биде пред трети ноември што е уставен рок. Не знам само од каде грижата кај дел од јавноста кога им е потполно сеедно, бидејќи кого и да поставам, ќе речат се најлошо. Не се грижам многу поради тоа“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари