ВИДЕО: Врсници брутално тепаат 13-годишно момче во Црна Гора, снимката го вознемири Балканот

Од:

Уште една снимка на која е забележано врсничко насилство, овој пат од Црна Гора, се прошири на социјалните мрежи, вознемирувајќи и згрозувајќи го целиот регион.

Според медиумите, видеото е снимено во центарот на приморскиот град Бар, а на него, неколку момчиња го опколуваат врсникот, најпрво му се закануваат, а двајца од нив почнуваат да го тепаат, брутално и крвнички, повеќепати удирајќи го со боксови по главата и телото.

По бројните реакции на граѓаните на социјалните мрежи, полицијата соопшти дека ги идентификувала актерите на ужасниот инцидент, а сите се повикани на разговор во полициска станица, заедно со нивните родители. Според Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, само едно од момчињата присутни за време на тепањето имало наполнето 14 години.

Јавното обвинителство соопшти дека законот исклучува кривично гонење на малолетници кои немаат наполнето 14 години, а идентификуваните насилници ќе бидат процесуирани преку Центарот за социјални работи.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски