(ВИДЕО) Возач за малку ќе покосеше две мајки со бебиња на пешачки: Не ве видов

Од:

Возач нагази на гас преку пешачки премин во Нов Белград и за малку ќе удреше мајки со бебиња.

Грозната сцена која се случи вчера ги смрзна сите кои беа сведоци на неверојатната неодговорност на возачот.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледа дека возачот од средната лента застана почитувајќи ги прописите и ги пропушти пешаците меѓу кои имаше и мајки со нивните бебиња.

На видеото се гледа и како тој што го сними ова го престигнува неодговорниот возач на следниот семафор, застанува пред него и му вика „Што правиш?“ на што добива одговор „Не ги видов“.

Според статистиката, во текот на 2022 година во сообраќајни незгоди на пешачки премини загинале 20 пешаци, 246 се здобиле со тешки телесни повреди, а 687 се здобиле со полесни повреди.

Од почетокот на 2023 година до март на пешачки премини во Белград загинале 21 пешак.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов