ВИДЕО: Војна на улиците на Атина, жестоки судири меѓу полицијата и демонстранти против нејзината бруталност

Од:

Сериозни судири меѓу полицијата и демонстрантите се случија вечерва во атинската населба Неа Смирни, за време на протестот против полициското насилство, кога маскирани лица почнаа да фрлаат кон полицајците со камења, дрва, но и дожд од молотови коктели, на што специјалците одговорија со солзавец, шок бомби и водени топови.

Протестот беше организиран откако во неделата жителите на Неа Смирни, населба која важи за една од помирните во грчкиот главен град, преку сведоштва и објавени снимки на социјалните мрежи, обвинуваа за полициско насилство. На снимките можеше да се види како полицајците кои легитимираат млад човек во врска со почитувањето на здравствените мерки, наеднаш го соборуваат на земја и почнуваат да го тепаат со пендреци.

Еден полицаец кој беше тешко повреден за време на нередите, мораше да лежи половина час на улица, поради тоа што демонстрантите не дозволуваа да му се доближи возилото на брзата помош.

Во вечерашните судири се јавува дека вкупно се повредени тројца полицајци, а единаесет демонстранти биле уапсени.

„Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис околу нередите во Атина, но воедно посочи дека „слепиот бес не води никаде“.

„За жал, некои луѓе ги игнорираа нашите предупредувања. И, на оние кои се обидуваат да шират омраза и поделба во општеството за да го покријат сопствениот ќорсокак, како што тоа го правеа во минатото, им одговарам со следново: Вечерта на изборите на 7 јули 2019 година, истакнав дека сум тука за да гарантирам единство, безбедност и просперитет на сите Грци. Ова го повторувам и сега. Нема да дозволам никој да нè дели. Нема да дозволиме никој да не врати назад, рече Мицотакис.

Инцидентите и насилството ги осудија и од опозициската СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски