ВИДЕО: Во земјотресот во Турција загинале 41 лице, потрагата е прекината

Од:

Во Турција е прекината спасувачката операција по земјотресот од петокот, во кој, според најновите податоци, загинаа 41 лице.

Акцијата прекинала бидејќи припадниците на службата за вонредни ситуации го пронашле последното тело на лицето по кое се трагало под урнатините.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени ја погоди во петокот вечерта провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од Анкара, како и во соседна Малатија.

Повеќе од 1.600 луѓе се повредени, од кои 86 се хоспитализирани, но никој не е во животна опасност.

Властите ги предупредија жителите да не влегуваат во оштетените згради поради опасност од уривање и нови потреси, па затоа многумина останале на отворено на температура која изнесувала минус шест степени Целзиусови.

Досега под урнатините се спасени 45 лица.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Владата ќе обезбеди финансиска помош за луѓето чии домови се оштетени.

Според него, околу илјада времени куќи ќе бидат изградени, а одделни училишта и џамии моментно се користат како засолништа.

Министерот за урбанизација Мурат Курум истакна дека властите почнале со уништување на 22 оштетени згради во Елазиг, а до крајот на годината ќе биде завршена изградбата на 2.000 нови куќи

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски