ВИДЕО: Во Турција неговата зграда се урна како да е од хартија, тој гради и во Црна Гора

Од:

Мехмет Јасар Чошкун, сопственикот на станбен комплекс уништен од земјотресот, беше приведен пред една недела на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул додека се обидувал да ја напушти Турција. Неговиот станбен комплекс Renaissance Residence се наоѓаше во провинцијата Хатај во југоисточна Турција. Чошкун се обидувал да отпатува за Црна Гора, јавува турската агенција Анадолија.

Апсењето е извршено по наредба на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во областа Газиосманпаша во Истанбул.

Чошкун тргнал за Црна Гора со помала сума пари која полицијата ја запленила, се вели во извештајот. Сепак, турските медиуми пишуваат дека Чошкун тој ден повлекол поголема сума пари и дека неговите соработници знаеле за тоа и ги алармирале властите.

Неговиот станбен комплекс од 12 ката имал вкупно 250 станови и се наоѓал во областа Антакија во Хатај. Комплексот се рекламира како луксузна резиденција која ги почитува прописите за градба. Сепак, тој беше целосно урнат од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Газиантеп на 6 февруари, по што набрзо следеше земјотрес со јачина од 7,5 степени во провинцијата Кахраманмарас. Се верува дека во комплексот живееле околу илјада луѓе.

„Ќе бидат идентификувани и ќе одговараат пред судството, што направија грешки и кои се одговорни за последиците по земјотресот, изјави министерот за правда Бекир Боздаг, пишува Middle East Eye.

„Зградата која требаше да биде најбезбедна во овој дел од градот се урна во земјотресот како куќа од карти“, се вели на Твитер. Како што пренесува Блиц, токму поради безбедноста, во зградата одбрале станови луѓе кои свесни за можни земјотреси сакале да бидат што побезбедни, а при објавувањето на проектот и изградбата токму тоа било нагласено: дека зградата е изградена по сите антиземјотресни правила.

Црногорскиот портал Прес дошол до информации дека Чошкун е еден од сопствениците на компанијата Антис Монтенегро, која изградила четирикатница во Будва, со приземје, сутерен и подрум.

Интересно е, пишува Блиц, што се работи за зграда која практично виси на карпа над Будва.

„Дали на тој простор е дозволена градба и колку е објектот безбеден за вселување треба да проверат надлежните државни органи. На Фејсбук имаше страница со името на компанијата Антис Монтенегро, но таа страница повеќе не работи. Имаше исто така активна веб-страница и на компанија која исто така е затворена“, пишува Прес.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски