ВИДЕО: Во Поточари комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница

Од:

Со интонирање на химната на Босна и Херцеговина во Поточари денеска почна комеморацијата за жртвите од Сребреница. По интонирањето на химната присутните со молитва и минута молк им одадоа почит на убиените над 8.000 Бошњаци во јули 1995 година.

Во Поточари утрово пристигнаа членови на семејствата на жртвите, учесниците на Маршот на мирот и други граѓани. На комеморацијата присуствуваат и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, државната обвинителка Гоирдана Тадиќ, претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ, кардиналот Винко Пуљиќ, реисот Хусеин Кавазовиќ и претставникот на Еврејската заедница во БиХ, Јакоб Финци.

Во 12 часот предвидена е полагање цвеќе во сакралниот дел на Меморијалниот центар, а потоа следи верски дел на комеморацијата. За подоцна е предвидено погребување на останките на девет идентификувани лица.

Овогодинешната комеморација се одржува со почитување на епидемиолошките мерки поради епидемијата со новиот коронавирус.

Предвидени е преку видео-пораки да се обратат и голем број странски поранешни и актеулни државници и претставници на европските и меѓународните институции, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Чарлс принцот од Велс, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, саудискиот принц Фаисал бин Фархан ал Сауди, главниот обвинител на Хашкиот трибуинал Серж Брамерц, американскиот државен секретар Мајк Помпео, британскиот премиер Борис Џонсон, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмајер и други.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Поради зосторствата во Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни, меѓу кои и за Младиќ, чија пресуда не е правосилна и за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја