ВИДЕО: Во Белград одржан 35 протест „Еден од пет милиони“

Од:

Во Белград како и секоја сабота, синоќа се одржа 35 протест „Еден од пет милиони“. Протест се одржа неколку дена откако почна дијалогот на Факултетот за политички науки меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот на Движењето за пресврт и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Јанко Веселиновиќ, на протестот порача дека СзС ќе ги бојкотира изборите доколку не бидат слободни, истакнувајќи дека останат е само еден месец и половина за властите да ги исполнат барањата за изборите да се одржат во регуларни услови.

– Во Договор со народот што го потпишавме, се наведува дека нема да ги признаеме изборите, освен ако тие не бидат слободни, а воспоставувањето на таква власт ќе ја сметаме за државен удар, наведе Веселиновиќ на протестот, кој започна со минута молчење за жртвите од акцијата на хрватската армија пред 24 години наречена „Бура“.

Професорор на Универзитетот во Нови Сад, Веселиновиќ посочи дека СзС се бори за слободни избори и слободни медиуми.

– Слободни избори значат почеток на ново поглавје во историјата на Србија, работниците да живеат од својата работа, пензионери од пензиите… и луѓето да останат да живеат во Србија, потенцираше Веселиновиќ.

Потсетувајќи се дека српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека опозицијата ги пишувала изборните закони, тој одговори дека „таа не се залагала за купување гласови, насилство против неистомислениците и вработените во јавниот сектор да мораат да докажат дека гласале за СНС“.

Учесниците на протестниот марш запреа пред зградата на Претседателството, каде студентот Мома Ковачевиќ, еден од организаторите на протестите, посочи дека дијалогот меѓу власта и опозицијата е успех на протестот, но дека беа „потребни 35 недели за да се постигне дијалог и дека тоа е показател да овде нема демократија“.

Тој ја повика академската заедница да не молчи додека министрите се осомничени за плагијат и фалсификување на дипломи и најави дека студентите во септември повторно ќе го блокираат Ректоратот.

Учесниците на протестот пред црквата Свети Марко, каде запалија свеќи за жртвите од хрватската акција „Бура“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов