ВИДЕО: Во Атина вечерва убиени водачите на црногорскиот нарко-дилерски клан

Од:

Во Атина вечерва се убиени водачите на таканаречениот Шкаљарски клан, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ. Во нив било пукано додека биле во ресторан со сопругите и со децата. Како што јавуваат српските медиуми, се се одиграло за 30 секунди – напаѓачите влетале во ресторанот и пукале во Дедовиќ и Стаматовиќ.

При пукањето повредена е и една жена, која е веднаш пренесена во болница. Засега нема информации дали станува збор за сопругата на еден од убиените водачи на нарко – дилерскиот клан.

На Игор Дедовиќ (43), кој со браќата Вукотиќ беше идентификуван како водач на Шкаљарскиот клан му беше издадена потерница за обид за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ, блиски до кавачкиот клан во март 2016 година во Котор. Црна Гора бараше екстрадиција на Јовица Вукотиќ за делото, додека Милиќ Миња Шаковиќ беше уапсен и однесен во притвор во Спуж, а потоа ослободен.

Српските истражни органи Дедовиќ го поврзуваа со шверц на тони кокаин најден во Црна Гора минатата година. Стеван Стаматовиќ важи за водач на загоричани, криминална група од Подгорица која блиску соработувала со Шкаљарскиот клан.

Еден од најблиските соработници на двајцата водачи убиени вечерва е Милиќ Миња Шаковиќ кој е на слобода во Црна Гора. Од водачите на „шкаљарците“ останаа уште браќата Вуковиќ, со тоа што Јовица Вуковиќ е во екстрадиционен притвор во Белград, а Игор Вуковиќ е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски