ВИДЕО: Во Албанија приститигна нова пратка од 100 илјади дози кинески вакцини

Од:

На аеродромот во Тирана, попладнево пристигна пратка со 100 илјади дози кинески вакцини, со еден ден задоцнување, поради блокадата на аеродромот од страна на контролорите на летање, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

-Со еден ден задоцнување поради лудиот обид да се блокира кампањата за вакцинација и да се предизвика хаос во предизборието, пристигнаа уште 100.000 анти-ковид вакцини.Порешително од кога било да продолжиме со високи стапки на масовна вакцинација и да гарантираме олеснета туристичка сезона со високи приходи за Албанија, напиша Рама.

Ова е втора пратка, по онаа од 192 илјади вакцини што пристигнаа на 25 минатиот месец, од договорените милион дози кинеска вакцина, преку дистрибутер од Турција.

Денешната пратка ја примија министрите Огерта Манастирлиу, за здравство, Арбен Ахметај, за обнова и Белинда Балуку, за инфрастуктура.

– Настанот без преседан, што се случи вчера го доведе во опасност планот за масовна вакцинација. Вчера требаше да пристигне пратката со 100 илјади дози вакцини. Благодарение на големите напори, успеавме ете денес попладнево да ги добиеме. Од ова доцнење нашиот план беше одложен за 48 часа. Замислете што ќе се случеше ако не беа направени овие големи напори бидејќи се знае каква голема борба се прави за да се обезбеди вакцината кога некоја држава не сака или не може да ја добие, тогаш друга земја што чека да ја прими, рече Манастирлиу.

Поради штрајк на контролорите на летање вчера и денеска до попладне беа одложени сите летови. По пристигнување на контролори од Турција, денеска е дозволено само суштински летови, додека од утре аеродромот ќе работи нормално.

Би можело да ве интересира

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Во Албанија вакцинирани над 155 илјади лица

Албанија доби 90 милиони евра од ЕУ за справување со пандемијата

ВИДЕО: Албанија почна масовна вакцинација на пунктови отворени на плоштадот „Скендербег“ во Тирана

Катерина Павлова-Николовска

Рама најави нов контингент вакцини за Албанија

Состојбата со Ковид-19 е вон контрола, мора да се прават повеќе тестови, тврди албански епидемиолог