(ВИДЕО) Владика повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата во Србија, па и премиерката Брнабиќ

Од:

На интернет се појави скандалозна јавна проповед на банатскиот владика Никанор, во која ја проколнува премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Нејзините родители ги нарече касапи и повика на вооружено насилство врз припадниците на ЛГБТ популацијата.

Владиката Никанор во својата проповед практично зборуваше за претстојната „Парада на гордоста“ која во септември ќе се одржи во Белград. Дел од своето обраќање и го посвети на премиерката Брнабиќ, која експлицитно не ја именуваше, но сосема е јасно дека на неа мислеше.

„Ако го споманм (нејзиното) име, тогаш не можам да го изустам името на Бога. Таа дозволи нејзиниот брат да биде татко на нејзиниот син! Дали ќе го прифатиме тоа, а знаете за кого зборувам. Ниту е од нашата вера, ниту има наше потекло, туку потекнува од непријателот! Нејзините дедовци и родители биле касапи на српскиот народ! И таа денес треба да ни проповеда дека нема татко, нема мајка, нема деца..Чии Дали се овие деца?“, рече Никанор.

Никанор тогаш отворено повика на вооружена пресметка со ЛГБТ популацијата на претстојниот Европрајд.

„Сите ќе се спротивставиме. Јас сум првиот што станувам во овој момент, веќе станав! Станувам и колнам! Ќе ги проколнам сите што ќе учествуваат во нешто такво. Јас толку можам. Да имав оружје, ќе го употребев, и ќе ја употребев и таа сила, само да го имам, ама немам“, рече Никанор, додавајќи дека сега „веројатно нема да му дадат оружјето, кога слушаат дека би излегол со оружје“.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ