ВИДЕО: Уште еден скандал во Ателје 212 во Белград

Од:

Крајот на театарската сезона во белградскиот народен театар „Ателје 212“ го одбележи уште еден скандал. По јубилејното 100-то изведување на претставата „Коса“, директорот во фојатео организирал коктел иако на сцената потоа се играла претставата „Чекалница“. И покрај апелите дека поради вревата и музиката претставата се изведува во тешки услови, директорот не сакал ниту да чуе да го одложи коктелот.

Претставата „Коса“ која е во режија токму на Кокан Младеновиќ, актуелниот директор на театарот, синоќа била изведена по јубилеен 100-ти пат, по што директотрот одлучил да подготви и котел за бројните гости.

Меѓутоа, времето на одржување на коктелот, директорот го закажал во исто врме со претставата „Чекалница“. Поради гласната врева и музика, глумците не можеле нормално да ја изведат претставата, а публиката не можела нормално да ги следи глумците. На крајот еден од инсципиентите морал да излезе и да ги замоли гостите на коктелот да се стишаат.

Кога апелите не вродиле со плод, Горица Поповиќ, еден од членовите на театарскиот ансамбл и член на Управниот одбор на Ателје 212, влегла на коктелот, се качила на бина и преку микрофон му порачала на директорот Младеновиќ дека треба да се срами поради неговото непочитување на глумците и негови соработници во Ателје.

Младеновиќ ја игнорирал Поповиќ, забавата продолжила, а публиката која била на претставата „Чекалница“ резигнирано ја напуштило салата.

Ове е последен од низата скандали кои се случуваа во оваа културна установа, а стартуваа со прес конференцијата на која поголемито број на актерите побараа да се смени управителот Кокан Младеновиќ, поради неговото недолично однесување и сомнителни бизниси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов