ВИДЕО: Уловена ајкула од половина тон кај Шибеник

Од:

Близу Шибеник, Хрватска, вчера била фатена ајкула тешка половина тон, а била во мрежата заедно со други риби од уловот.

Ајкулата му припаѓа на видот Хеxанчус грисеус и бргу потоа е вратена во морето. Перо Угарковиќ од хрватскиот Институт за океанографија и рибарство изјави дека животното не е опасно и дека се работи за вид кој живее во подлабоките делови на морето и прилично ретко се појавува во плиткото.

– Понекогаш овие ајкули имаат блиски средби со нуркачите… Тие кои се снимени по правило се помали, оти кога ќе пораснат, избегнуваат светлина. Овој вид живее во сите светски мориња, изјави Угарковиќ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари