ВИДЕО: Убиен најбараниот бегалец во БиХ

Од:

Најбараниот бегалец во БиХ, Един Гачиќ, кој е осомничен за брутално убиство на полицаец и цивил, денеска е ликвидиран од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Гачиќ е осомничен од страна на полицијата за извршени две убиства на 6 и на 9 февруари. Тој осум дена се наоѓаше во бегство по монструозните убиства.

Оттогаш жителите на БиХ се во постојан страв поради убиецот кој се криеше, поради што се воведени строги безбедносни мерки, а на терен биле ангажирани сите полициски сили.

Властите во Кантонот Сараево распишале и награда во износ од 25.000 евра за информација која ќе доведе до апсење на Гачиќ.

Гачиќ е сериски убиец и поранешен припадник на одредот „Ел Муџахедин“, кој од затворот во Бихаќ е пуштен на слобода во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Осудена вдовицата на францускиот сериски убиец чии жртви биле девојчиња и млади жени

Путин го помилува сатанистот кој изеде четворица студенти

А1он

Апсења за тероризам во Сараево