ВИДЕО: Турција објави снимка од апсењето на жената која ја постави бомбата во Истанбул

Од:

Турската полиција уапси лице осомничено дека поставило бомба што вчера експлодираше во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе.

Бомбата експлодираше вчера околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници. Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

Како што јави Си-Ен-Ен Турк, полицијата го соопшти идентитетот на уапсениот. Станува збор за, како што велат, жена од Сирија по име Ахлам Албашир. Тие тврдат дека за време на испрашувањето ја признала својата поврзаност со Курдистанската работничка партија. Се појави и видео од моментот кога таа беше уапсена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

ВИДЕО: Во Истанбул собир за поддршка на Хамас

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија