ВИДЕО: Тројно убиство во Сплит, одмазда за малтретирање на братот

Од:

Во самиот центар на Сплит вчера попладне дошло до пукање од автоматско оружје во кое биле убиени три лица, а хрватските медиуми денеска пренесуваат дека осомничен е 25-годишниот Филип З.

Двајца од нападнатите починале на лице место, додека третиот починал подоцна во болница, од последиците на ранувањето, пренесоа хрватските медиуми.

Тројното убиство се случило затоа што тројцата сега убиени го малтретирале братот на осомничениот, а тој во својот крвав поход користел „Калашњиков“.

Според некои информации, мотивот за нападот би можела да биде одмаздата.

Повеќе извори наведувале дека осомничениот, односно неговото потесно семејство, од претходно имале проблеми со некои од убиените.

Наводно станувало збор за долгови и дрога која семејството на убиецот, конкретно еден од неговите браќа, го довел во судир со убиените.

Индекс. хр наведува дека осомничениот имал во план да најде и убие уште неколку лица, но, за среќа, не ги пронашол.

Далмација портал наведува дека осомничениот по апсењето молчел. Тој, според порталот, ќе биде обвинет за кривичното дело тешко убиство, за што му се заканува казна и до 50 години затвор.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он