ВИДЕО: Тракторист намерно прегазил куче, па не пуштал да го носат на ветеринар

Од:

Вознемирувачка снимка на која се гледа како човек кој управува трактор намерно прегазува куче кое лежи на селски пат, ја згрози јавноста во регионот.

Видеото, снимено во село во близина на Тузла во Босна и Херцеговина, покажува како трактористот без ронка совест забрзува и вози право кон беспомошното куче хаски, кое се обидува, но не успева да побегне, не очекувајќи таква суровост.

По монструозниот потег, трактористот прво си заминал како да не се случило ништо, но подоцна се вратил, го зел кучето кое лежело на патот и го однел во неговата штала, каде го заклучил и не им дозволувал на активистите за заштита на животните да го однесат на ветеринар.

Сепак, откако активистите од организацијата „Дримс“ го пријавиле случајот во полиција, во придружба на полицајци отишле во куќата на човекот и го зеле повреденото куче. Тоа го преживеало бруталното газење, но е неподвижно и ќе има долготрајни последици.

Трактористот ќе добие кривична пријава, пишуваат босанските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина