(ВИДЕО) Бугарија: Дрогиран возач со камион удри во 12 автомобили, во еден од нив изгоре жена

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во близина на бугарскиот приморски град Бургас.

Камион оштети 12 автомобили во малиот град Ајтос, а при удар на еден автомобил кој содржел плински систем настанала експлозија и пожар во кој изгорела 28-годишна жена, а шест лица биле повредени, пренесе националната телевизија Нова.

Според првичните информации, возачот на камионот бил под дејство на дрога.

Бугарската полиција соопшти дека до несреќата дошло кога камионот натоварен со жито не запрел на пешачки премин и удрил во жена која ја преминувала улицата, а потоа предизвикал верижен судир со дванаесет автомобили, од кои еден експлодирал и се запалил.

Повредените биле веднаш префрлени во локалната болница во Бургас.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина