ВИДЕО: Томор Морина во Косово пречкан со тапани и извици како народен херој

Од:

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина кој е обвинет за вршење воени злосторства врз србите на Косово вчера во својот роден град Ѓаков беше дочекан како народен херој со зурли и тапани.

Морина уште при излегување од затворот во Скопје бил пречекан од страна на најблиските и амбасадорот на Косово во Скопје со музика.

Врховниот суд во Скопје оваа недела одлучи да не го екстрадира Морина на Србија.

Тој на 24 јули беше уапсен од на граничниот премин Блаце по потерницата од Интерпол по што му беше одреден притвор во кој помина 3 недели.

Властите во Белград оценија дека македонските правосудни институции со одлуката за ослободување на Морина го прекршиле меѓународното право и, како што велат, со тоа уште еднаш се покажало дека политиката е над законот.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука

А1он

Морина излегува од притвор, со мерка за претпазливост

А1он

Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија

А1он

Министерството за правда бара од Кривичниот суд да се произнесе за екстрадицијата на Морина

Татјана Ташкова

Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија

Зиберај: Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Татјана Ташкова