(ВИДЕО) Тепиќ: Палма и неговите луѓе подведуваат 15-годишни девојчиња на забави во хотел во Јагодина

Од:

Српскиот политичар Драган Марковиќ Палма, претседател на Собранието на градот Јагодина, се најде во центарот на скандалот што беше една од главните теми во Србија во последните неколку дена.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, го обвини првиот човек на Јагодина за подведување жени и девојчиња заедно со неговите коалициски партнери.

„Подведувањето жени и девојчиња не оди само со мафијата. Тие се речиси секојдневни во нашата Србија. Денес знам дека подведувањето жени и девојчиња е секојдневие во Јагодина, каде што владее Драган Марковиќ Палма”, рече Тепиќ на прес-конференцијата, пренесува порталот Нова.рс.

Тепиќ покажа и снимка од сведочењето на човек кој наводно бил упатен во случајот на подведување.

„По посетата на Мариника на Јагодина, како маж и родител кој знае што се случува, решив да ѝ кажам за тој дел од мојата работа за Марковиќ. Не можам да кажам господин затоа што тоа сигурно не е. Работев во хотелот Кончарево, а знаеме кој стои зад измислениот сопственик на тој хотел. Тоа е хотел на Марковиќ“, вели наводниот сведок, а потоа објаснува што се случувало во споменатиот објект.

„По разни забави на кои пееја нашите естрадни sвезди, девојчињата беа донесени со такси од Белград преку разни луѓе. Според моето слободно верување, тие беа на возраст од 15 до 18 години. Луѓето кои доаѓаа со него беа негови коалициски и деловни партнери. Познато беше дека по ваквите забави овие девојки одат со него или со нив. Најчесто тоа е откако ќе ги напиеја девојчињата. Неговите хостеси ги убедуваа девојчињата дека ништо нема да им биде, дека сè ќе биде добро. И верувам дека тоа се трауми за тие деца“, рече тој.

Набргу по обвинувањата, се огласи и самиот Палма Марковиќ.

„Лажете, лажете, лажете. Наскоро ќе испратиме изјава“, рече кратко Марковиќ, а потоа испрати изјава во која има серија обвиненија против Тепиќ, која го обвини за подведување.

Вишото јавно обвинителство во Јагодина денес формираше предмет во врска со наводите на Мариника Тепиќ на вчерашната прес-конференција, како и барањето поднесено до обвинителството од претседателот на општинското собрание на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, за да се утврдат сите околности.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов