ВИДЕО: Тепачка за ќебапи во Лидл во Србија

Од:

Во супермаркет на познатиот ланец Лидл кој со години работи во Србија, денеска во Борча настана тотален хаос и невидена тепачка на постари муштерии.

Туркање и општа тепачка избија поради пониската цена на ќебапи. На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката на пензионерите, а на неа се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да земат.

Поради промотивната цена се собраа голем број повозрасни граѓани, која предизвика тотален хаос. Не се гледа кој што и колку пакети зема, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакувањата што сакала да ги земе пишуваат српските медиуми..

Промотивната цена на ќебапите завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четвртокот на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.

„Госпоѓо, госпоѓо ве молам… Ќе повикаме обезбедување, ова нема смисла“, гласи коментарот на една жена среде тепачка. Голем број граѓани стојат надвор и чекаат да влезат и се обидуваат да се изборат за ќебапи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Денеска се одржува четвртиот протест „Србија против насилството“

Горан Наумовски

Официјална Москва со став: Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во одбраната на нејзините легитимни права

ВИДЕО: Снимка од тепачка на матуранти од две белградски гимназии

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Ова е последната вечер на која ќе зборувам како претседател на СНС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дачиќ: Дали знаете како светот гледа на народот кој го продава својот лидер

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Луѓето на митингот го фалат Вучиќ: „Само тој и тој, никој друг“

Ана Ололовска