ВИДЕО: Тензии во српскиот парламент, пратеник истакна албанско знаме

Од:

Пратеникот на партијата Обединети долини – СДА Санџак во српскиот Парламент, Шаип Камбери, денеска за време на расправата за законот за правата на националните малцинства, извади албанско знаменце во салата, што предизвика жестоки реакции од другите пратеници.

Камбери бара да се смени Законот за права и слободи на националните малцинства и рече дека „во прилог на тоа“ го истакнал знаменцето, кое го постави пред себе, веднаш до српското.

Откако претседателот на Парламентот, Ивица Дачиќ, инсистираше пратеникот да го тргне знамето, Камбери му одговори цитирајќи неколку членови на српскиот Устав во кои според него е дозволено истакнувањето симболи на други земји.

По кратка расправија и откако беше дадена пауза, пратеникот го тргна знаменцето, а седницата продолжи.

„Ве молам, како што сите знаете, толеранцијата е на секое можно ниво, но да го почитувате Деловникот. Не е дозволено внесување на ништо што не е дел од парламентарните материјали, посебно истакнувањето на знамиња на други земји,“ рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов