ВИДЕО: Тела на 18 мигранти пронајдени во Бугарија во напуштен камион

Од:

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија се пронајдени тела на најмалку 18 лица. „Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти – вкупно околу 40 лица, кои се криеле под дрвa“, соопшти Министерството.

Откако мештаните ја известиле полицијата, камионот бил лоциран во близина на селото Локорско, на 20 километри североисточно од главниот град на Бугарија. Преживеаните се пренесени во болница за да добијат соодветна медицинска помош. Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.

Во тек е потрага по трговците со луѓе за кои се верува дека го управувале камионот и избегале, потврдија властите. Се верува дека тоа е најсмртоносниот инцидент со мигранти во земјата. Бугарија, која се наоѓа на надворешните граници на Европската унија, се обидува да ги заостри безбедносните мерки за да го спречи зголемениот број луѓе кои сакаат да ја преминат границата.

Би можело да ве интересира

Бугарија доби влада: Парламентот го изгласа кабинетот на Николај Денков

МВР: Уапсен тетовец кој шверцувал 10 мигранти од Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсени кумановци и кратовци, криумчари на мигранти: Биле дел од меѓународна група, им земале од 2000 до 4000 евра

На автопатот Демир Капија-Неготино: Уапсен е шверцер на мигранти, странците завршија во прифатен центар

Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Орце Костов

(ВИДЕО) Крвави образи и скршени очила во тепачката на бугарските пратеници: Се клоцаат и се нарекуват гниди

Орце Костов