ВИДЕО: Судири во Цетиње, молотов коктел и солзавец, во Подгорица мирно

Од:

Во Црна Гора, во манастирот Цетиње, за утрово во 8 часот е планирано устоличување на митрополитот црногорски-приморски Јоаникије, на што се противат група демонстранти, кои бараат церемонијата да се изврши надвор од манастирот Цетиње. Според српските медиуми, во Подгорица утрово е мирно, а во Цетиње се случи нова пресметка меѓу демонстрантите и полицијата.

Според неофицијални информации, демонстрантите фрлале камења и молотови коктели кон полицијата, по што тие возвратиле со солзавец.

Според Вијести, судирот се случил во близина на музејот „Кралот Никола“. Непосредно пред седум часот, демонстрантите повторно нападнаа и фрлаа петарди и шишиња кон полицијата.

Противпожарни возила и багер тргнаа во правец кон Цетиње.

Со сите архиепископи собрани во Подгорица, заминувам за Цетиње во раните утрински часови, за да го устоличам владиката Јоаникије на престолот на митрополитот црногорско-приморски, како што одлучи Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, напиша Порфириј на Инстаграм.

Од вчера се блокирани сите патишта кон Цетиње. Покрај полициските контролни пунктови, има барикади на патиштата поставени од граѓани кои се противат на устоличувањето на митрополитот.

На патот демонстрантите ставија автомобилски гуми и камења на патот, а некои барикади ги „зајакнаа“ со камиони.

Во текот на ноќта се одржа седница на Советот за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Азербејџанскиот милијардер Исмаилов доби азил во Црна Гора

Столтенберг за стравот на Ескобар за кредибилноста на црногорската Влада: НАТО има строги протоколи за споделување инфромации

Уапсен поранешниот директор за национална безбедност на Црна Гора

Ана Ололовска

Ковид-19: Се зголемува смртноста кај младите невакцинирани пациенти во Црна Гора

Ана Ололовска

Странски државјани вложиле 524,44 милиони евра во Црна Гора

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

А1он