(ВИДЕО) Странец, возач во белградскиот јавен превоз се изгуби по градските улици, патниците го насочуваа на Англиски јазик

Од:

Снимка од градски автобус во Белград шокираше многумина, а некои ги насмеа. Познато е дека во јануари околу 30 возачи од странство пристигнаа во Белград, а набргу потоа започнаа да возат градски автобуси по улиците на српскиот главен град. Некои од нив првпат слушнале за Србија, па не го познаваат добро градот, ниту ги знаат улиците и автобуските линии.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува како точно еден возач од странство залута бидејќи го пренасочи автобусот од автобуската станица до Јужен булевар без да знаe каде да вози. Возачот, кој, како што може да се слушне на видеото, зборува na Aнглиски јазик, се изгуби низ белградските улици, а патниците потоа викаа на англиски да му објаснат и да го упатат каде да вози.

„Автобусот 48 беше пренасочен од Автокоманда кон Јужен Булевар, без никакви информации каде да се вози. Се уште талкаме по улиците. Вози странец, му велат патниците на англиски“, стои во описот на видеото на Инстаграм профилот serbialive_beograd.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се појави снимка од моментот на нападот со нож во Белград

(ВИДЕО) Детали од нападот со нож во Белград: Ќе ве убијам сите

Предраг Петровиќ

Нападнат синот на премиерот на Република Српска во Нов Белград

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мајмун се шета на покрив од куќа во Белград, минувачите во неверување

ВИДЕО: Во Белград фатен припадник на црногорски клан: Падна со 20 килограми дрога и 20 илјади евра

Катерина Ѓуровски

Масовна тепачка на крштевка во познат белградски хотел

Горан Наумовски