ВИДЕО: Стефан Немања против Александар Велики – ќе го следи ли Белград примерот на Скопје 2014?

Од:

Еден на коњ, другиот на шлем, двајцата со меч во раката – вака српската редакција на британскиот јавен сервис Би-Би-Си ја почнува репортажата посветена на мега-спомениците во двата главни града, поставувајќи своевидна паралела меѓу „Воинот на коњ“ и неодамна подигнатиот споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања.

„Скопје во 2010 година, за време на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, го започна проектот Скопје 2014 – архитектонско преобразување на градот, со реконструкција и изградба на повеќе десетици згради и поставување на десетици статуи што треба да ја симболизираат целата македонска историја,“ пишува Би-Би-Си во воведот на репортажата од Скопје. Во неа, ставовите на приврзаниците и противниците на контроверзниот проект ги застапуваат Вангел Божиновски и Ивана Драгшиќ, кои од нивна перспектива зборуваат и за белградскиот споменик.

„Наспроти бројните протести, проектот е реализиран се до смената на режимот кој го проектираше – иако ни новата власт на Социјалдемократскиот сојуз на Зоран Заев не се осмели да го сруши проектот, и покрај тоа што се покренати и судски постапки поради малверзациите во изградбата,“ пишува меѓу другото Би-Би-Си во освртот на „Скопје 2014“.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ