(ВИДЕО) Србите со пцовки ги дочекаа косовските специјалци на граница: „Рамбо, дувај го“

Од:

Голем број незадоволни граѓани на Косово од српска националност, се собраа на административниот премин Јариње поради зголеменото присуство на специјалните единици на РОСУ и најавеното воспоставување на реципроцитет.

Повеќе од 20 возила на специјалните единици на косовската полиција се распоредени на административните премини Брњак и Јариње. На терен смена прават специјалните чувари на РОСУ, меѓу кои има снајперисти со пушки од голем калибар.

Србите од северот на Косово го блокираа преминот Јариње во двата правци, а видеото снимено на административниот премин Јариње ја открива големата нетрпеливост.

Насобраните Срби ги исмеваат припадниците на косовските специјалци од РОСУ, а видеото беше објавено на Фејсбук страницата „Борбени ефективи“.

-Еве го Рамбо! Дувај го Рамбо, му дофрлаат на еден од косовските специјалци.

Бројот на Срби собрани денеска на преминот Јариње е значително поголем отколку во текот на вчерашниот ден. Како што може да се види на видеото, тие ја дочекаа смената на стражата со пцовки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Легнати на земја, со лисици на рацете приведени осомничените за убиството на семејството Ѓоќиќ

А1он

Приштина прогласи за „персона нон грата“ двајца руски дипломати

А1он

Пицула: Србија го дестабилизира регионот

Ана Ололовска

Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија

Ана Ололовска

Уапсен е осомничениот за убиството на семејството Ѓоќиќ

А1он

Кон: Мораме порано да ги отпуштаме пациентите за нов кревет, ковид пропусниците не се доволни

Ана Ололовска