ВИДЕО: Србите измислуваат нови начини да ги изиграат прописите – жива музика ечи во теретана

Од:

Балканот е едно од ретките места на планетата во кое некој би се сетил да го искомбинира здравиот живот, грижата за телото и вежбањето, со настап на кафеански музички бенд во живо. Во услови на пандемија и ограничувања на работата на угостителските објекти, луѓето во Србија ја покажуваат целата своја креативност во изигрувањето на протоколите и здравствените прописи.

Некој „паметен“ газда на вежбалница се присетил да организира настап на музички бенд, за да го искористи подолгото работно време на теретаната и можеби да се обиде да ги привлече гостите од кафеаните, кои имаат покусо работно време. Или, пак, сопственикот е „весељак“ по природа и едноставно решил да им подготви изненадување на своите клиенти во вторник навечер. Во секој случај, не е најјасно кои биле мотивите за чудно поставената ситуација.

Виралната снимка која прво беше објавена на ТикТок, покажува како на едната страна од просторот во вежбалницата, луѓето спортуваат и дигаат тегови, додека на другата – двочлениот бенд, со синтисајзер и пејач со микрофон, исполнува музичка нумера која ечи додека луѓето вежбаат. Според она што се гледа од кусото видео, присутните во теретаната ја држат неопходната дистанца и носат маски, па не се знае ниту дали со настапот на бендот пред бодибилдерите, всушност е прекршен некој од важечките прописи.

Во Србија деновиве се најавуваат нови, драстични рестриктивни мерки и полициски час, откако во изминатата недела, и покрај напреднатата вакцинација во земјата, беше забележан раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 и на смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов