ВИДЕО: Срби „тепаат време“ играјќи фудбал на Табановце, додека чекаат ред на границата

Од:

Дел од српските граѓани кои тргнаа на годишен одмор, главно кон Грција, најдоа начин како да го скратат времето на чекање за влез во Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце, кое денеска изнесуваше неколку часа.

-Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа поспоро се доаѓа затоа што има бесконечни колони пред секоја граница.

Така, се чекаше и на границата со Северна Македонија по неколку часа, а една група снаодливи луѓе смислија како да „тепаат време“о без да се „варат“ во автомобилите.

Еден TикТокер објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат фудбал среде метежот од коли кои чекаат на границата. Видеото е хит на социјалните мрежи.

@buudaa19

♬ original sound – Bogdan Budimir

– Ова може да ни се случи само нам. Но, за разлика од минатата година, кога најмногу се расправаа кој смее да помине, ова е многу поубава слика, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Видеото брзо стана вирално и многумина ги пофалија дури и граничарите кои не ги потераа момците во автомобилите, бидејќи ретко каде е дозволено да стоите надвор од превозот на граничните премини.

– Не е ова попусто најважната споредна работа во животот. Еве што друго би можеле да правите освен да играте фудбал. Браво момци, стои во коментарите.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Србин се обидел да влезе во Македонија со фалсификувани бугарски документи

А1он

Колони за влез во Грција и Србија: Се чека до 45 минути

А1он

ВИДЕО: Во Вуковар нападнати Срби од Сомбор, полицијата гледа и не реагира

Предраг Петровиќ

„Долче и Габана“, „Версаче“, „Ралф Лoрен“ и „Најк“ – На Табановце спречен шверц на брендирани облека и обувки

Катерина Ѓуровски

Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците