ВИДЕО: Со 130 гости, без невеста и младоженец, се одржува пилот-свадба во Хрватска

Од:

Вечерва во голф-клубот Риверсајд во Загреб се одржува втор пилот проект – симулација на свадбена свеченост со околу 130 учесници, пренесува хрватски „Индекс“.

На оваа симулација нема невеста и младоженец, но ги има сите останати елементи, почнувајќи од бенд во живо, ди-џеј, играње, вечера идентична како онаа што вообичаено се служи на свадбите. Забавата ќе трае до раните утрински часови.

На оваа свеченост учествуваат три групи лица – вакцинирани со две дози, тестирани за Ковид-19 (еден ден претходно) и лица кои во последниве шест месеци го прележале коронавирусот.

Поволниот исход од тестирањата, како што се надеваат организаторите, ќе биде чекор спрема „старата нормалност“, односно можност за отворање на угостителските објекти со почитување на мерките кои би ги дефинирале хрватските власти и надлежни институции.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари