ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска, градот го парализираше автопатот А6

Од:

Делови од Хрватска се зафатени од силно невреме што предизвика пад на температурите.

Невремето кое беше најавено прво го зафати Кварнер а потоа и Риека каде што паѓаше и град. Во регионот на Горски Котар поради обилните дождови се очекуваат и одрони.

Поради поројните дождови, возачите се советуваат да одржуваат безбедно растојание помеѓу возилата.

Порталот „ИстраМет“ известува дека поради градот возачите за да ги заштитат своите авотмобили застануваат под надвозник на автопатот А6, целосно блокирајќи го . Притоа не беа пропуштани ниту возила на службите за итни случаи. Некои возачи ги блокираа и тунелите.

Европскиот центар за предвидување на невреме (ESTOFEX) издаде највисоко предупредување од трет степен за голем дел од Хрватска.

Третиот степен на предупредување е издаден поради силниот ветер кој може да предизвика големи материјални штети.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари