ВИДЕО: Силно невреме на границата меѓу Србија и Хрватска, Србите го биеја градот со 800 ракети

Од:

Страотно невреме со силен ветер, пороен дожд и град попладнево го зафати регионот на Срем, близу до границата меѓу Србија и Хрватска, а локалните власти со крајни напори се обидуваа да ги спречат штетите на земјоделските култури од градот, кој на одредени места имал големина на топче за голф, според локалните медиуми.

Српските власти соопштија дека во текот на денот, од вкупно 99 лансирни центри на територијата на државата, истрелани се рекорден број градобијни ракети – 838, со што е спречена несогледлива штета на земјоделските површини.

Силно невреме со поројни дождови и град имало и во централна Босна, како и во Загреб, каде се поплавени улиците. Метеоролозите најавуваат можност за слично време и во следните денови, во кои се очекуваат сончеви и топли денови во кои попладне и навечер ќе настапува наоблачување со дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари