ВИДЕО: Силни земјотреси во Хрватска

Од:

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб и уште неколку хрватска града, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.

Според неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња.

Околу еден час подоцна се случиле уште два потреса. Жителите на Петриња излегле на улиците.

Засега нема информации за евентуални жртви, но пријавени се штети.

„Премногу се исплашивме, се разбудивме, не знаевме каде да бегаме. Почнаа да се паѓаат чаши, шишиња, се беше на земја. Истрчавме надвор, а се слушаа само татнежи. И потоа, едноставно се смири“, изјавила една жителка на Страшник за хрватските медиуми.

Според некои информации, земјотресот се почувствувал и во Риека и во Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.

Според Европската сеизмолошка служба, потресот бил со интензитет од 5,2 степена и епицентар 12 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километра под површина на земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски