ВИДЕО: Силен дожд ги поплави улиците на Хвар

Од:

Хвар денеска го зафати невреме. Силен дожд за кратко време ги поплави улиците и плоштадите на Хвар, предизвика одрони и поплави некои згради.

За само еден час во градот Хвар наврнале 90 литри дожд на метар квадратен, а во последните 24 часа над 120 литри, што е повеќе од просечната количина на врнежи што паѓа во ноември, објави порталот Индекс.

„Имаме многу проблеми со дождовницата. Гаражите ни пловат, се е полно со вода“, изјави за „Далмација Данас“ командантот на доброволната противпожарна бригада Хвар, Никола Шкаре.

„Ние непрекинато пумпаме, а дождот не престанува. Проблемот е што телефоните се расипани, за тоа ја известивме и полицијата“, додаде тој.

Во Хвар проблем се и силните громови кои предизвикаа голема штета на електрониката, изгореа бројни електрични уреди, а дел од просторот остана без телефонска линија.

Околу 14.15 часот пожарникарите добиле дојава дека удар на гром предизвикал пожар на покрив од семејна куќа.

Како што изјави за „Далмација денес“ командантот на пожарникарите на Хвар, интервенцијата е во тек, а според првите информации нема повредени.

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

За три години над 130 деца ги загубија животите во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Психијатар од Сплит измачувал 67 кучиња и два волка: Ова е логор

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри