(ВИДЕО) Шаровиќ: Сакаме да утврдиме кој го нарача атентатот врз Џинџиќ

Од:

Заменик претседателот на Српската радикална партија и пратеник во српското Собрание, Немања Шаровиќ, денес на седница на парламентот јавно побара формирање на анкетен одбор кој ќе анализира нови факти и сознанија во врска со позадината на убиството на поранешниот српски премиер Зоран Џинџиќ.

Тој пред пратениците го праша премиерот Вучиќ дали ќе ја поддржи оваа идеа за формирање анкетен одбор со оглед на тоа дека официјалната истрага за убиството на Џинџиќ стагнира.

– Вие знаете дека сиве овие години константно во јавноста се говори за ова, знаете дека многу политички актери говорат дека постои политичка позадина, но јасно е дека досега не постои политичка воља ова да се истражи. Рокот кој го одредивме за извршување на оваа задача е 90 дена, сосема доволно да се дојде до резултат доколку се работи сериозно, рече Шаровиќ.

Според предлогот на Шаровиќ анкетниот одбор би го сочинувале по еден пратеник од петте најголеми политички партии во Собранието.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ