ВИДЕО: Се појави снимка од инцидентот со жената која сакаше да помине со српско знаме по мостот на Косовска Митровица

Од:

Пред неколку дена косовската полиција уапси жена, која се обиде да го премине мостот на Косовска Митровица од северниот во јужниот дел на градот, со српско знаме.

Таа сакеше да го помине мостот со раширено знаме, но во тоа ја спречи службеник, припадник на косовската полиција, кој на крајот ги повика колегите да му помогнат.

Во меѓувреме, жената и полицаецот се туркаа, таа се обиде да побегне, а откако тој ја стигна повторно се расправаа.

-Не можам да оставам цвеќе на гробовите на своите родители, моите предци… Зборувате за слобода, за слободна држава…- му зборуваше таа на полицаецот.

Откако таа се обиде да го заобиколи полицаецот, тој се обиде да ја запре.

Жената исто така вели дека не гледа зошто би провоцирала некој со српското знаме, ако албанските, кои ги има во јужниот дел од градот, не провоцираат никого. Откако повторно се обиде да го напушти местото но беше запрена од полицајците, повика помош на англиски. Тоа се случи кога на мостот се појавија и припадници на Еулекс.

На крајот се појави четиричлена патрола на косовската полиција, која ја приведе жената и ја одведе во полициска станица.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати