ВИДЕО: „Само продолжете, не беше силен“ – пратениците во хрватскиот Сабор се навикнаа на земјотресите

Од:

Уште еден земјотрес, со јачина под 4,1 степени, денеска го погоди регионот на хрватскиот град Петриња, а потресот се почувствува и во хрватскиот Сабор, каде во тој момент се одржуваше седница.

Пратеникот Јосип Бориќ во моментот на потресот беше на говорницата и тој подзастана кога се почувствува тресењето, а неговите колеги се вознемирија.

Сепак, неколку секунди подоцна, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, мирно му порача на Бориќ да продолжи со излагањето.

„Не беше силен, фала му на бога, само продолжете“, рече Јандроковиќ, а потоа истото и го повтори, за да биде подобро слушнат и разбран.

Регионот на хрватските градови Петриња и Сисак, оддалечен педесетина километри од Загреб, уште од декември е погоден од серија од стотици земјотреси, од кои неколку беа разорни и предизвикаа човечки жртви и огромна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он