ВИДЕО: Расветлено убиството на Србинот во Филаделфија-пред да пука во него излегол од затвор

Од:

Џозефус Дејвис кого полицијата во Филаделфија го идентификуваше како ладнокрвниот убиец на Србинот Милан Лончар додека го шеташе своето куче, од порано има криминално досие и бил условно пуштен од затвор.

Само две недели пред да се обиде да го ограби Лончар, по што и пукаше во него, обвинет е за кражба на автомобил и киднапирање, но и напад на затворски чувар. Меѓутоа, излегол на слобода откако платил кауција.

Освен Дејвис, кој е означен како тој што пукал, полицијата во Филаделфија соопшти дека уапсила уште едно лице поради нападот на Лончар, но неговото име не е објавено. Џозефус се терети за убиство, соучешништво во убиство, поседување нелегално оружје и носење оружје без дозвола, како и поседување на оружје со кое е извршено убиството.

Иако моментално е единствениот обвинет, по законот во Пенсилванија, сите учесници на грабеж со фатален исход, се виновни за убиство од втор степен.

Убиецот беше уапсен кога полицијата запре автомобил во кој биле уште три лица, но го одведе само Џозефус. Медиумите во Филаделфија пишуваат дека тој бил облечен во истата облека како и вечерта кога го уби Лончар.

Тој е идентификуван и благодарејќи на снимките од безбедносните камери од една зграда во близината, на кои се гледа како му приоѓаат на голоракиот Лончар, го вперуваат пиштолот во него со намера да го ограбат. Додека едниот му ги претресуваше џебовите, другиот испука куршум во него. Кога пристигна полицијата, веднаш беше префрлен во болница но подлегна на повредите. Неговата мајка во подоцнежните изјави за медиумите, откри дека кобната вечер тој немал воопшто пари во него.

-Немаше никаква причина за тоа. Немаше пари во себе, не возврати ништо, не кажа ништо погрешно, рече неговата мајка.

Локалната полиција веднаш по убиството објави дека нуди награда од 20.000 долари за информација која ќе ги доведе до убиецот. И блиските на убиениот Лончар организираа собирање пари и понудија 50.000 долари за секаква информација за убиецот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов