ВИДЕО: Радев и Јотова дадоа заклетва за почеток на вториот мандат за претседател и потретседател на Бугарија, ГЕРБ ја напушти салата

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, и потпретседателката Илијана Јотова денеска на свечена церемонија во Народното собрание положија заклетва за вториот мандат на функциите.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата, како и сите функционери присутни во пленарната сала, на централниот влез на Народното собрание ги пречека репрезентативна стражарска чета.

На церемонијата присуствуваа претседателот Петар Стојанов (1997-2002 година), како и претходните претседатели на Народното собрание – Михаил Миков, Борислав Великов, Огњан Герџиков, како и актуелниот премиер Кирил Петков и владините министри.

Радев и Јотова во салата беа пречекани од станати пратеници од четирите партии во владејачката коалиција, додека останатите пратеници од „Препород“, ГЕРБ-СДС и ДПС останаа да седат.

Во својот говор по полагањето заклетва Радев потсети дека пред пет години граѓаните му дале и му ја довериле одговорната мисија на претседател на Бугарија да работи за суверенитетот и безбедноста на државата.

Според Радев, неговиот прв претседателски мандат бил во драматично време во кое стариот авторитарен модел на владеење го достигна својот зенит. Додека во општестовто нараснуваше незадоволсвото од корупцијата, беззаконието и пропагандата, на кои тој се потпираше. Граѓанскиот бунт во 2020 година протрив мафиотизацијата на власта на површината ги извади фактите и процесите, што таа ги премолчуваше. И на мене не ми е пријатно, но јас ја претпочитам вистината, кажа уште шефот на државата.

По овие зборови на претседателот пратеничката група на ГЕРБ ја напушти пленарната сала.

Десислава Атанасова од пратеничката група на ГЕРБ коментира дека ниту еден претседател досега не се однесувал вака.

-Беше необјасниво како претседателот, кој според Уставот треба да биде натпартиски и треба да биде обединувач на сите политички сили, стана делител на нацијата, рече Атанасова.

Откако ја дадоа заклетвата, Радев и Јотова отидоа во најголемиот православен храм „Свети Александар Невски“ каде што патријархот Неофит им прочита молитва и им подари Библија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит