ВИДЕО: Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

Од:

На Армијата на Србија денеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион.

Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот“, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување, се вели во соопштение од Министерството за одбрана.

Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов