ВИДЕО: Приврзаници на ГЕРБ одржаа мирен протест пред зградата на бугарската Влада

Од:

Пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за одбрана на лидерот на најголемата опозициска партија во земјата-ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.

На приврзаниците на ГЕРБ им се придружија и пратениците од пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција.

Сообраќајот во реонот на бугарската Влада беше блокиран, а имаше зголемено полициско обезбедување.

Пред пладне протестот се пресели пред зградата на МВР.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, лидерот на ГЕРБ и долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен на 24 часа, заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.

Борисов ноќта ја мина во Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија, а денеска треба да биде сослушан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Згодна, паметна и повеќејазична“: Која е Марија Габриел, кандидатка за премиер на Бугарија?

Орце Костов

(ВИДЕО) Андреј Ковачев: Ќе зборуваме за ново вето откако ќе го чујам објаснувањето на Скопје

Орце Костов

Избори во Бугарија: Борисов со два проценти предност пред Петков, шест партии влегуваат во Парламентот

Катерина Ѓуровски

На бугарските избори гласале 453 лица од Македонија

(ВИДЕО) Борисов до мајката на Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев

Орце Костов

ГЕРБ го предложи за премиер познатиот бугарски неврохирург Николај Габровски

А1он