ВИДЕО: Претседателот на Претседателството на БиХ „превртува очи“ додека зборува Додик

Од:

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комиќ превртува очи, врти глава и се подсмева во текот на обраќањето на српскиот претставник во Претседателството, Милорад Додик, а по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Бројните камери на настанот го забележале неговото однесување. Тој во неколку наврати гледа нагоре, се подсмева и врти со главата додека зборува Додик.

Додик по средбата со Ердоган изјави дека Република Српска не прифаќа наметнати решенија и дека се залага за решавање на отворените прашања со внатрешен дијалог.

„Не верувам дека странците можат да воведат ред во земјата, веруваме во внатрешен договор“ – рече Додик.

Тој уште еднаш потенцираше дека Република Српска не може да прифати неизбран странец да донесува закони и истакна дека верува само во дијалог и догвор, а дека до секое решение треба да се дојде по мирен пат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он