ВИДЕО: Пожарникарите се борат со пожарот во Евија, гори и шумската област Спата

Од:

Пожарoт кој во четвротокот го зафати грчкиот остров Евија и понатаму беснее. Голем број противпожарни екипи се борат со огнената стихија.

Во акцијата за гаснење на пожарот која се одвива на три фронта, во Кимија, Пигри и Агиос Георгиос вклучени се и специјални авиони и хеликоптери.

Шумските пожари се честа појава во Грција во летните месеци.

Противпожарната служба соопшти дека е уапсен 64-годишен маж под сомнение дека го предизвикал првиот пожар со тоа што запалил сува трева во близина на својата куќа. Тој денеска ќе биде изведен пред обвинител.

На видео снимките кои кружат на интернет може да се види како туристите од околните плажи го набљудуваат пожарот.

Грчките пожарникари се обидуваат да изгаснат уште еден пожар што избувна во шумската област во Спата, источно од Атика.

Според против пожарната служба, пожарот избувнал во 10 часот по локално време, но засега не претставува закана за населените места.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен