ВИДЕО: Полицијата се судри со демонстранти во Истанбул, најмалку сто уапсени

Од:

Голем број демонстранти се уапсени во Истанбул кога се обидоа да го одбележат 1 мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата во рамките на анти-ковид мерките.

Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот.

На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата.

Претставници на Адвокатската комора во Истанбул изјавија дека бројот на упасени може да достигне 170 лица. Во Анкара се извршени и најмалку 11 апсења.

Во Турција од 29 април во сила се строги анти-ковид мерки поради смртоносниот трет бран на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски