ВИДЕО: Почна производството на „Спутник“ во Србија

Од:

Во Србија почна да се произведува руската вакцина против Ковид-19 „Спутник В“. Ова следува само еден ден откако од Русија пристигна авион со компонентите потребни за производство на вакцината, што ќе се прави во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград.

Претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ преку видеоврска присуствуваа на означувањето на почетокот на производството. Србија на тој начин стана прва европска земја во која се произведува „спутник“.

Вакцината произведена во Србија ќе почне да се дава на вакциналните пунктови за најмногу десет дена. Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ претходно го потврдил нејзиниот квалитет.

Вакцината „Спутник“ сè уште не е одобрена од СЗО и ЕУ, но веќе се користи во 66 држави, вклучувајќи неколку европски.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати