(ВИДЕО) Пленковиќ: Хрватска ќе испрати оружје во Украина

Од:

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави испраќање заштитна опрема и оружје за Украина, како и подигање на состојбата на подготвеност за прием на бегалци.

– Денеска ќе донесеме одлука за испраќање воена помош за Украина – заштитна опрема и пешадиско оружје во вредност од 124 милиони куни (повеќе од 16,3 милиони евра), истакна Пленковиќ на седницата на хрватската Влада.

Меѓу другите мерки, хрватскиот премиер најави и забрана за руски летови во хрватскиот воздушен простор и пристапување на Хрватска кон одлуката на ЕУ за исклучување на некои руски банки од системот СВИФТ (SWIFT).

– За Хрватска нема дилема, можеме да бидеме само на страната на демократска и суверена Украина. Ги повикуваме Русија и рускиот народ да ја прекинат оваа неразумна воена кампања, да се вратат на политиката на разумот и дијалогот, додаде Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски