ВИДЕО: Пијан скокна од мостот пред преполна плажа, го извлекоа спасувачите

Од:

Жителите на Нови Сад кои денеска уживаа во плажа, но и спасувачите, останаа во шок поради необичната сцена која ја приреди еден млад човек.

Тој пред очите на сите скокна од мостот во реката и остана жив.

Младиот човек чиј идентитет засега не е познат скокнал од мостот Слобода. Спасувачите со молскавична реакција стигнаа до средината на реката каде беше момчето и успеаа да го спасат.

Според пишувањето на српските медиуми, момчето бил видно алкохолизирано.