ВИДЕО: Петков демантира дека за јуни е договорено паѓање на ветото за Македонија

Од:

Ветото во јуни треба да го поместиме, а не да го укинеме, истакна бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската телевиизија „Нова“. Тој ги демантираше информациите дека до јуни е договорено паѓање на ветото на Бугарија. Петков е дециден дека патот на Македонија кон Европа е во интерес и на Бугарија, но не пред да се гарантираат правата на Бугарите таму.

dobivaj vesti na viber

„Доколку правата на Бугарите со промената на Уставот се гарантирани од ЕУ, со други зборови промената треба да биде дел од пакетот мерки вклучени во Договорот за Република Северна Македонија и нивна должност е да го сменат Уставот, на патот кон Европа, што е еден чекор напред“, рече Петков.

Тој истакна дека патот на Македонија кон Европа овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и на тој начин, како што нагласи, тие ја користат цела Европа за да го обезбедат напредокот што го сакаат како Бугари.

„Но, првото поглавје не може да се отвори без да се смени Уставот, потоа веќе не мора да го менуваат Уставот зашто Бугарија сака, туку затоа што тоа е нивниот договор со ЕУ, кој го дефинира патот на РСМ како земја членка“, додаде тој.

Бугарскиот премиер предупредува дека не треба да чекаат некој друг да им ја заврши работата. Тој исто така рече дека сега владата во Македонија е нормална и подготвена да ги преземе своите обврски преку европскиот договор.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Бугарија и Северна Македонија се блиску до договор

Францускиот предлог стигна до Владата

Катерина Павлова-Николовска

Кабинет на Макрон: При употребата на придавката за граѓаните на С. Македонија е направена ненамерна грешка

Ана Ололовска

Речиси 60 отсто од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија

Ана Ололовска

Петков: Скопје има избор за сопствената иднина, Брисел ги поддржа бугарските позиции

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија